ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Деби театарска претстава на младата група МТЦ „Зона“ со “Чернодрински се враќа дома“

107

Младинскиот театарски центар „Зона“ ќе дебитира пред прилепската публика со татарската претстава „Чернодрински се враќа дома“ по текст на Горан Стефаноски. Премиерата на средношколската група МТЦ „Зона“ е закажана за 22.5.2024, среда, од 20.00 часот на сцената на НТ „Војдан Чернодрински„ – Прилеп, а репризата наредниот ден, четврток, 23.5.2024 од 20.00 часот.

Главните актеричленовите на Младинскиот театарски центар “Зона”, претствата ја подготвуваа макотрпно  неколку месеци. Таа за сите нив преставува предизвик и се очекува да се создаде нова културна театарска сцена во Прилеп, што публиката ќе ја препознае и поддржи , со што би се збогатил татарскиот живот во Прилеп.

„Чернодрински се враќа дома“ на МТЦ „Зона“ чии ментори се Даниела Иваноска, Марија Спиркоска Илијеска, Мартин Наумоски и Кирил Петрески ќе биде ново освежување за љубителите на татарската уметност. Во претставата играат: Филип Стојаноски, Вања Младеноски, Андреј Димитриоски, Стефан Петрески Горјан РистескиАнгела Чупетреска, Марија Јованоска, Матеја Илијеска, Искра Спиркоска, Марија Јовеска, Сара Атанасоска, Илина Радеска, Евгенија Димитриоска и Дора Иваноска.

По прилепското претставување, екипата заминува на гостување во Кочани на престојниот фестивал ДАФ Кочани на 25.5.2024, сабота,

Влезниците за премиерата се распродадени, но можност е да се резервираат билети за првата реприза.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе