ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Донација на ЛАГ АГРО ЛИДЕР и СОЛАР Македонија за СОУ “Орде Чопела” – Прилеп

234

Во рамките на активноста “Мал ама голем климатски херој“ Локалната Акциона Група АГРО ЛИДЕР во соработка со Македонската Соларна Асоцијација СОЛАР Македонија денеска  донираа опрема за еко катче и мерни инструменти за СОУ “Орде Чопела” – Прилеп.

Соработката на организациите со СОУ Орде Чопела е во рамките на проектот „ЕНЕРГЕТСКО ЕФИКАСНИ ПРАКТИКИ ЗА РЕШЕНИЕ ЗА КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ“ во чии рамки се спроведуваат заедниички иницијативи насочени кон промовирање на добри практики и решенија кои ќе го намалат влијанието на климатските промени со фокус на земјоделскиот сектор.

Овој проект цели да ја зајакне врската помеѓу помеѓу образовните институции и невладиниот сектор преку зголемување на знаењето и зајакнување на вештините на младите за справување со климатските промени.

*Проектот „Енергетско ефикасни практики како решение за климатски промени“ е поддржан од проектот „Граѓанските огранизации во акција за климатските промени“ Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, заедно со партнерските организации Македонско здружение на младите правници – МЗМП и Организацијата за поврзување на природни вредности и луѓе – ЦНВП Македонија, и е финансиран од страна на Владата на Шведска.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе