ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

За Пелагонија попладневно УХМР најавува нестабилност и пороен дожд

95

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а попладне наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 15 l/m2), локално поројни, проследени со појава на грмежи, најавија од УХМР. Во Прилеп максималната температура измерена во 14 часот изнесувала  13 степени, а најниска била во Крушево само 9 степени.

Измерена температура во 14 часот и наврнат воден талог за изминатите 6 часа до 14 часот: Најниска температура е измерена во Крушево 9°C, а највисока во Скопје, Виница, Куманово и Велес 18°C.
Најмногу воден талог наврна во Крушево 14 l/m².

До четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час).

Пораст на температурата се очекува кон крајот на седмицата.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе