ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ИН МЕМОРИЈАМ – Почина Реган, херојот од масакрот кај Карпалак 2001 година

3.197

На 73-годишна возраст, почина Ацо Јованоски – Реган, човекот кој беше сведок за еден од најцрните настани во поновата историја на Прилеп и Македонија, а истовремено и херој кој со неговиот храбар потег спаси голем број животи.

Погребот на Реген е во 15,00 часот на Старите гробишта. А, од 12,30 ч ќе може да му се одаде почест, во црквата Св.Благовештение

Јованоски беше возач на кобниот 08. август 2001 година, кога конвојот со прилепскиот резервен состав од АРМ, на 8 август 2021 година, одејќи да ја бранат татковината на автопатот Тетово-Скопје, беше нападна од од терористичка заседа, кај месноста Карпалак.  Во нападот терористите на ОНА, користеле рачни фрлачи со кои го погодиле автобусот, во кој биле прилепските македонски војници. Тогаш загинаа 10 бранители, а благодарение на присебноста и херојството на возачот на автобусот Ацо Јованоски-Реган, кој возејќи го запалениот автобус, успеа да го извлече автобусот од местото на нападот и така да ги спаси животите на  бранители кои биле со него.

На тој ден, 8 август 2001 година, околу 10 часот  беше погодено едно транспортно возило на Армијата во кое беа осум војници и двајца офицери, сите од резервниот прилепски состав. Загинаа Нане Наумоски (48), Сашо Китаноски (39), Бранко Секулоски (42), Горан Миноски (29) Ердован Шабаноски (20), Веби Рушитоски (26) сите од Прилеп, Марко Деспотоски (27) од прилепско Новоселани, Љубе Грујоски (31) од прилепско Пашино Рувци, Дарко Велјаноски (27) од прилепско Ропотово и Пеце Секулоски (29) од прилепско Бело Поле.

Оваа година ќе се одбележат 23 години од случувањата на Карапалак.

Ацо Јованоски – Реган беше присутен на одбележувањето на секоја годишнина од немилиот настан  и постојано се залагаше да се изгради соодветно спомен обележје на местото каде се случи грозоморниот чин. Но засега само една плоча (која често беше крешена), стои на банкините на патот Скопје-Тетово.

Како главен и одговрен уредник на ТВ Канал Визија-ПРИЛЕП , 2009 година ја креравме единствената  документарна емисија за случувањата „Карпалак 2001“, заснована врз вистински искази, во која меморијалниот дел, за вистинитоста и случувањата од тој кобен ден, најмногу ни ги пренесе, токму, херојот,  Ацо Јованоски – Реган, за да не се заборави, а во негова чест ви ја пренесувам документарната емисија во целост !

Вечна му слава !

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: