ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Исплатени субвенциите за произведен и предаден тутун од реколтата 2022 година

302

Исплатени се 26 милиони евра за 15.753 производители на тутун, информира министерот за земјоделство Љупчо Николовски на денешната конференција, додавајќи дека вкупната вредност на откупениот тутун во 2022 година достигнала шест милијарди денари и во целост се исплатени сите тутунари од сите откупни претпријатија.

Висината на директните плаќања изнесуваат 80 денари по килограм за прва класа произведен и предаден тутун , 70 денари за втора класа и 60 денари за трета класа произведен и предаден тутун од реколта 2022 година.

Вкупната вредност на откупениот тутун во 2022 година достигна 6 милијарди денари и во целост е исплатен од страна на откупните претпријатија.

Тутунот во реколтата 2022 година беше засаден на површина од 13.237 хектари, што претставува зголемување на површините за 11%, односно нови 1.453 хектари. Тоа допринесе и за зголемување на договорното производство на тутун за околу 8%, односно нови 1.780 договори или вкупно 29.429 склучени договори за 2022 година во споредба со 2021 година.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе