ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Како да се користи соларната енергија во македонското земјоделство ?!

Енергетско ефикасни практики во земјоделието за справување со климатските промени

230
Современиот пристап и следењето на иновативните алатки во земјоделството, без исклучок значат користење на обновливите извори на енергија. Соларните системи чија крајна цел е производство на електрична или топлинска енергија, но и хибридните системи кои можат да се користат за бројни намени во македонскиот аграр беа тема на денешната презентација која се одржа во дворот на СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп, средношколски центар кој што по традиција ги применува модерните технолошки текови во областа на земјоделството во комбинација со енергетската ефикасност. Беа присутни земјоделци и сточари од прилепско и потенцијални инвеститори, заинтересирани за вложување во иднината, односно во системите за искористување на соларната енергија.
Се промовираа компании кои работат во: производство, монтажа и сервисирање на соларни системи; монтирање фотонапонски системи; производители на соларни сушари; трговци и монтажери на соларни системи од пелагонскиот регион и пошироко. Прилеп е центар и според бројот на инсталирани соларни системи во домаќинствата и стопанството, но и според бројот на компании кои работат во производство, монтажа или трговија со овие современи системи за користење на обновливите извори на енергија. Какви практики можат да користат земјоделците од разговорот со Стефан Трајков од Соларна асоцијација на Македонија и Љупчо Топчиоски – Зрак Солар – Прилеп.

 

Настанот „Енергетско ефикасни практики во земјоделието“ се одржа во рамки на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“, го реализираше ЛАГ Агро Лидер во соработка со Еко-свест во партнерство со Македонското здружение на млади правници – МЗПМ и Организацијата за промовирање на природните вредности и луѓе – ЦНВП Македонија.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе