ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Каралиоски : Македонската народна музика ми е во срцето – пеењето ме исполнува (ВИДЕО + ФОТО)

Многу настапи , многу незаборавни музички моменти

1.029

Четириесет години музичка кариера , многу настапи, веселби, собири , семејни прослави и музички дела  стојат зад името на Трајче Каралиоски.Човек кој се прпушта на музиката и долго време ја негува македонската народна песна. Кога и да настапува го преферира македонскиот мелос зашто како што тој вели ,оние кои се определиле да се претставуваат пред публика мора да знаат дека македонската музика мора да се носи во  срцето и да се претставува во вистинско светло.

Трајче ни беше гостин во нашата отворена програма РАДИО ШТО СЕ ГЛЕДА  и супер го поминавме нашиот разговор кој го комбиниравме со неговите музички дела како , СОФКА НА ТАТО , КАКВА МОМА ВИДОВ , МЕТОДИЈА ПАТЧЕВ , МОЛИТВА , а не заборавивме секако и да се потсетиме на сите негови соработници кои се заедно со него од почетокот на градењето на музичката кариера.

Својата позитивна енергија, Каралиоски ја пренесе и на нашите слушатели и гледачи велејќи дека ужива во она што го работи и дека би му било мило да ги види младите генерации како се грижат за одржувањето на традицијата, а тој секако ќе продолжи да им го пренесува народното творештво на младите и понатаму,  затоа што покрај тоа што пее,  ја има и својата професија наставник.Во продолжение погледнете го  и разговорот во целост.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе