ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Комуналец започна со чистење со дивите депонии

194

ЈКП ,,Комуналец’’ започна со чистење на дивите депонии. На територија на општинава станува збор за 10 поголеми и 20 помали диви депонии според информацијата од ова јавно претпријатие кои биле исчистени лани, но повторно се појавуваат на истите локации и потребно да се делува :

Денеска е исчистена дивата депонија над куќите под касарната ,, Мирче Ацев““, екипите со градежни машини  чистеа и неколку помали диви депонии по патот кој води кон вештачкото езеро, а се продолжи со чистење по колскиот пат кој води до атрактивната карпа Баба. Само на оваа локација се проценува дека има над 2000 м3 отпад. За да се исчисти потегот кон Вештачкото езеро кој мора да се чисти рачно заради конфигурацијата на теренот ќе се организира Еко акција заедно со Локалната самоуправа. Состојбата со отпадот исфрлен во природа е алармантна. И покрај тоа што комуналниот отпад редовно се собира од домаќинствата, додека за габаритниот отпад ( мебел, теписи, јоги, постели и др. покуќнина), и зелен отпад (поголема количина гранки, трева и отпад од бавчи и градини) е организирана бесплатна линија секој четврток, лошите навики на поедини несовесни граѓани никако да престанат, стои во информацијата од ЈКП Комуналец.

За градежниот шут ЈКП,, Комуналец’’- Прилеп,  обезбедува бесплатен влез на депонијата во Алинци доколку се транспортира со сопствен превоз, или изнајмување на контејнер од 5м3 по цена од 1390,оо денари, како и транспорт со трактор од 2м3, по симболична цена од 630,оо денари.

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе