ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Насилството има име и треба да се пријави-„16 дена активизам против насилството“ (ВИДЕО)

196

Со едноминутно молчење и оддавање почит на 14-годишната Вања Ѓорчевска денеска во големата сала од локалната самоуправа, Прилеп, се одржа работилница насловена „Обединети против насилството врз девојчињата и жените“ во рамки на  кампањата „Шеснаесет дена активизам против насилството“.

До 30 ноември годинава во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Прилеп биле пријавени 89 случаи за семејно насилство и родово базирано насилство. Најчесто жртви се жените или девојките, вели вели Гордана Велјаноска, педагог во Центарот за социјални работи во Прилеп, потенцирајќи дека само една третина завршуваат како предлог мерки за заштита од семејно насилство:

По добивањето на пријавата, итно, најдоцна во рок од 12 часа имаме законска обврска и постапуваме и стапуваме во контакт со жртвата од семејно насилство. До 30 ноември годинава имаме 89 пријави за семејно насилство и родово базирано насилство. Најчесто жртви се жените или девојките. Од 89 случаи, во 30 случаи се поднесени прелог-мерки до основниот суд во Прилеп за изрекување на привремени мерки за заштита од семејно насилство. Споредено со последните две години, бројките се помали. Во 2021 имавме евидентирано 150, а лани 140 пријави. Сакаме да веруваме дека намалените бројки се поради нашето дејствување, но сѐ уште има стигми за да се пријави. Затоа ги охрабруваме жртвите да пријавуваат, да се подигне свеста и да се дејствува институционално, да се одлучат за поведување судски постапки зашто засега бројот е мал.

Новиот закон за заштита од насилство врз жени, семејно насилство и родово базирано насилство е од 2021 година. Легислативата е значително подобрена затоа што  ги дефинира и ги детектира повеќето форми на насилство кои претходно не биле опфатени. Недостигаат шелтер центри посочува Горан Илиоски, правен советник во невладина организација „ЕХО“ во Прилеп:

Сите видови насилства ги има, но останува во најголемиот број семејното насилство, а повеќе од 90 проценти жртви се жените. Има колебања да се пријави насилникот, но во последно време значително повеќето жртви се осмелуваат да пријават насилство. Дејствуваме мултисекторски, заедно со институциите и граѓанскиот сектор. Но недостасуваат шелтер центри, според нас само еден функционира во Струмица, во Пелагониско нема. И тоа тој што функционира работи со половичен капацитет.

Од прилепската локална самоуправа апелираат на подигнување на свеста и пријавувањето на насилството.

– Токму подигнувањето на свеста да се застане на патот на насилството е и оваа работилница „Обединети против насилството врз девојчињатаи жените“ со што прилеп се вклучува во кампањата„16 денови активизам против насилството. Ги охрабруваме сите жртви да пријават какво било насилство, рече Александра Димова, советник во општонскиот Совет на Прилеп.

https://youtu.be/x445oBlzuVE

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: