ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Насилството има лице, затоа: Препознаj, Блокирај, Пријави! (ВИДЕО)

312

Зад финиот имагинарен свет на дигиталното време се кријат перфидни насилници. Затоа потребна е широка едукација за препознавање, блокирање и пријавување на овој вид на насилство.Силни пораки за нула толеранција на насилството врз жените и девојките на работното место, дома, во училиштата, оф лајн, на интернет,  беа упатени  од панел дискусијата на тема „Дигиталното насилство врз жени и девојчиња – Препознаj, Блокирај, Пријави” во организација на Обединетите нации (ООН), Европската унија (ЕУ) и на ОБСЕ која се одржа во Прилеп.  За  да се подигне свеста за дигиталното насилство врз жени и девојчиња потребно е активно вклучување од централната и локалната власт, религиозни организации и граѓански организации, училишта,  фабрики, напомена  Росана Дуџак, постојана координаторка на ООН во Македонија.

„Многу е тажна и несреќна вистината со која би морале да се соочиме. Кога зборуваме за тие кои што вршат насилство врз жените и девојките зборуваме за нашите татковци, браќа, нашите партнери, нашите соседи и нашите пријатели. Тие не се некои имагинарни фигури, тие се луѓе кои што се меѓу нас. Насилството има лице, и многу често или најчесто, тоа е за сите познато лице,“ посочи Дуџак.

Станува збор за сериозни штети кои се нанесени врз жртвите жени и девојки, а постојат и многу митови за тоа како жртвите придонеле за тие да станат жртви.Тоа пак, придонесува за дополнително нивно стигматизирање. Дополнително во Македонија законската регулатива треба да се прилагодува и подобрува зашто недоволно се прецизираат постапките и разликите за оваа форма на насилство, посочуваат од Полицијата од каде велат дека недоволен е бројот на пријавени настани за дигитално насилство. Проблемот е што жртвите или многу подоцна го препознаваат овој вид на насилство или тоа најчесто е испреплетено со останати кривични дела.

– Навреме треба да биде насилството препознато од жртвата, навреме пријавено, за да може да се докаже кривичното дело. Најчесто полицијата има многу малку и недоволно материјал за да се покрене кривична пријава до обвинителство за да може судот соодветно да постапува. Сеуште недоволно се работи на оваа проблематика и има многу малку пријави, рече Емилија Велкоска началничка во прилепската полиција.

Заради срам од средината, жртвите немаат доволно храброст за навремено  пријавување на насилството. Една од граѓанските организации која што работи за помош на жртвите од родово базирано насилство е Рома Песпектив, каде имале неколку случаи на кои им била пружена правна помош. „Наместо дигитализацијата да се употребува за искоренување на насилството, дигитализацијата или сите тие интернет платформи се користат за репродукција на насилството,“ посочи Бедрие Ајдини од здружението Рома Песпектив.

За жал дигиталното насилство е новиот перфиден систем на насилие врз жените. Според последното истражување кое невладината АГТИС го имала во Пелагонија поврзано со дигиталната писменост, потребата од социјалните мрежи и познавање на правата за користење, јасно е дека голем дел од населението од урбана и рурална средина ги поседуваат удобностите од дигиталниот свет.

– На прашањето: Дали имате сопствен меил,  67% се изјасниле со позитивен одговор; Дали дома имате интернет,  89% се изјасниле позитивно;  Дали имате сопствен фејсбук профил , 88% се изјасниле позитивно;  Дали имате свој смарт телефон, 91% одговориле позитивно, и на прашањето дали имаат свој компјутер, лаптоп или таблет 85 % одговориле дека поседуваат. Но, за разлика од ова на прашањето дали препознавате дигитално насилство едвај 55 % одговориле дека слушнале или во училиште или на социјалните мрежи, вели Благица Цветкоска од АГТИС.

Најважна е  едукацијата за  тоа – што значи да се има профил на некоја онлајн платформа, кои се начините за заштита на личните податоци и  секогаш да се пријави  нападот, било да е тоа навреда или закана. Пријавувањето за дигитално насилство е во полицијата, во центрите за социјална заштита и во граѓанските организации.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе