ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

На „Могила„ Светски Куп во летови (натпревари) со дронови

323

Викендов, на теренот од стадионот „Могила“  ќе се одржи Светскиот Куп во летови со мултиротори (дронови), организиран од клубот Фил феникс и ВФМ (Воздухопловната федерација на Македонија), според календарот на ФАИ (Интернационалната воздухопловна федерација).

Учествуваат над дваесет пилоти од шест држави во две категории – јуниорска и сениорска. Македонците Бојан Ников, Александар Ников и Бошко Петрески имаат ривали од Србија, Бугарија, Хрватска, Турција и Чешка. Претстои битка за освојување поени за светската листа од ФАИ.

 

Ова е меѓународен натпревар со традиција, имајќи предвид дека Прилеп пред пет години беше меѓу првите градови-домаќини.  

Гледачите ќе можат од трибините да ги следат трките на дрновите кои развиваат брзина и до 150 километри на час. Секој пилот се труди со своите вештини на управување дронот да помине низ сите капии ,поставвени на теренот и да стигне што побргу до целта.

 

 

 

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе