ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(Видео) На фестивалот ДАФ-Кочани најдобра претстава е „Чернодрински се враќа дома“ од МТЦ „Зона“

111

Дебатираа само пред неколку дена пред прилепската публика, а веќе на првиот театарски фестивал ДАФ-Кочани,  Младинскиот театарски центар „Зона“ со татарската претстава „Чернодрински се враќа дома“ по текст на Горан Стефаноски, ја воодушеви публиката во Кочани и ја понесе награта за најдобра престава на фестивалот, поточно “Награда за колективна игра” .

Премиерата на средношколската група МТЦ „Зона“ се одржа во среда, но младите актери на  МТЦ „Зона„ храбро се пријавија со оваа престава на фестифалот до Кочани и ги освоија симпатиите на публиката, па со право жирито ги награди и пофали.

На својата официјална ФБ страна напишаа : За да бидеш човек, во вистинска смисла на зборот, треба да ги разбудиш сите свои сетила и да чувствуваш. Да ја храниш душата и да ти пее срцето. Каква седмица!! Три изведби во четири дена! Преполни сали во Прилеп и Кочани, премиера, аплаузи, честитки,забава, солзи, пот па и награда. Можеме ли да бараме повеќе? Имаме ли потреба од тоа?…

Со МТЦ „Зона“ работат едукатори и менторита: Даниела Иваноска, Марија Спиркоска Илијеска, Мартин Наумоски и Кирил Петрески. Во претставата играа: Филип Стојаноски, Вања Младеноски, Андреј Димитриоски, Стефан Петрески и Горјан Ристески се петтемина момци што се дел од трупата, а Ангела Чупетреска, Марија Јованоска, Матеја Илијеска, Искра Спиркоска, Марија Јовеска, Сара Атанасоска, Илина Радеска, Евгенија Димитриоска и Дора Иваноска го сочинуваат женскиот дел од тимот, од веќе актуелната театарска актерска група МТЦ „Зона“ од Прилеп .

Фото и Видео: Презмени од ФБ МТЦ „Зона“

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе