ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

На 24 ти мај „СИТЕ НА ВЕЛОСИПЕД“

160
На денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј 24ти мај, традиционално ќе се одржи најстарата велосипедска манифестација во Прилеп и во Македонија „Сите на велосипед“. Организатор е Велосипедскиот клуб „Илинден“ во соработка со Општина Прилеп. Стартот е точно на пладне 12 часот, в петок,  пред реклами, а собирањето е половина час пред старт, а патеката е  Прилеп – Мало Коњари – Прилеп. Организаторите напоменуваат дека  Учесниците се движат по ДЕСНА коловозна лента.
Обезбедени се награди за најмладиот и најстариот учесник. Можст да учествуваат сите љубители на спортот, под услов да имаат технички исправен велосипед. 
Организаторите обезбедуваат освежување и закуска за сите учесници, а предвидена е пауза во дворот на училиштето
“ Страшо Пинџур “ во Мало Коњари. По  доделувањето на наградите организирано учесниците се враќаат до центарот на градот каде и завршува целата манифестација.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе