ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Општина Новаци ги субвенционира домаќинствата за поставување пластеници за еко – храна

510

Општина Новаци објави јавен повик за финансиска поддршка за надомест на дел од трошоците за набавка на материјали за подигање на пластеници за сопствени потреби на домаќинствата. Финансиската поддршка за надомест на дел од трошоците за набавка на материјали за подигање на пластеници за производство на еколошки-органски земјоделски производи за сопствени потреби на жителите на територијата на Општина Новаци е еднократна и неповратна. Вкупната максимална сума која што може да ја добие еден барател е 10 илјади денари за максимален опфат од 50 м 2 под пластеници. За прифатливи трошоци според јавниот повик се сметаат набавката на полиетиленско платно (најлон), метална конструкција и материјали за поставување систем капка по капка.

Општината за овој јавен повик од сопствениот буџет издвои 1 милион денари. Јавниот повик е отворен до 24. 04. 2023 г.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе