ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Отпечатени се вкупно 1.814.000 гласачки ливчиња – денеска се дистрибутираат до 80 изборни комисии

81

Вкупно 1.814.000 гласачки ливчиња со имињата на 7-мината кандидати за претседателските избори беа спакувани во картонски кутии со заштитен печат и од битолската печатница „Киро Дандаро” утрово се транспортаа во комбиња и камионети.

Почетокот на транспортот од печатница до Општинските изборни комисии го обезбедуваа полициски единици, а таму беа присутни и претседателот, потпретседателката и членовите на Државната изборна комисија (ДИК).

Членовите на ДИК и претставници на печатницата извршија примопредавање на доверливиот гласачки материјал од печатницата по што конвојот излезе од фабриката под силна полициска заштита и тргна кон седиштата на 80-те општински изборни комисии

– Дистрибуцијата се одвива во 17 однапред определени рути. Организационо сме подготвени, по тој тек ќе се одвива дистрибуцијата и ќе се заврши во текот на денешниот ден, изјавија од ДИК.Во текот на утрешниот ден ќе се изврши и дистрибуција на уредите за биометриска идентификација.

Отпечатени се  вкупно 1. 814.000 ливчиња бидејќи толку гласачи се евидентирани на Избирачкиот список.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе