ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Пачешкоски: градоначалникот Јовчески има НУЛА реализирани проекти

88

Прес конференција денеска одржа Зоран Пачешкоски, претседател на ОО СДСМ Прилеп, со фокус на работата, раководењето  на градоналникот Јовчески со локалната самоуправа. Ја пренесуваме во целост:

Вчерашниот таканаречен „отчет“ на градоначалникот Борче Јовчески, потврди две работи: дека Јовчески одамна изгубил контакт со реалноста и дека е најголема елементарна непогода која било кого го зафатила Прилеп.

Неспособноста да ги реализира изборните ветувања, да испорача резултати, да ги направи функционални јавните претпријатија, да ја менаџира општинската администрација, прилепскиот градоначалник ги покрива со лаги!

Па така, реконструираните плоштади, новоизградените фабрики, намалените општински долгови, стипендиите за студенти, ги има само во главата на Јовчески и никаде на друго место.

Реалноста кој тој одбива да ја прифати е сосема поинаква: После поминати две и пол години во градоначалничкиот кабинет и потрошени 45 милиони евра пари на граѓаните на Прилеп, градоначалникот Јовчески има НУЛА реализираи проекти.

Повторувам: Борче Јовчески и Дејан Проданоски имаат потрошено 45 милиони евра за две и пол години локална власт!

Неспособноста на Борче Јовчески е видлива на секој чекор:
-Енормно зголемен данок на имот
-Јавни претпријатија доведени пред банктор
-Зголемени цени на комунални услуги
-Очајна состојба на сообраќајната инфраструктура
-Процут на дивото градење
-Потрошени стотици илијади евра за вдомување на блиски роднини и партиски функционери на ДПМНЕ.

Почитувани,
Што добро може да се каже за градоначалник кој потрошил повеќе пари за икебани, отколку за капитални инвестиции?

Ниедно манипулативно книжуле наречено „Отчет“ не може да ги демантира споменатите аргументи кои се доказ на две и пол годишното срамно раководење на општина Прилеп од страна на Борче Јовчески и Дејан Проданоски.

Борче Јовчески, човекот кој беше избран да ги решава проблемите на граѓањите на општина Прилеп и самиот стана проблем за прилепчани.

Од тие причини, неговата итна и неотповиклива оставка од градоначалничката функција ќе биде најдоброто нешто што Јовчески го направил и за граѓањите, но и за себе, рече Пачешкоски, претседател на ОО на СДСМ Прилеп.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: