ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Победа денеска го игра одлучувачкиот натпревар за опстанок во Втората лига

625

Во борбата за опстанок во Втората фудбалска лига на Македонија денеска, недела од 17 часот на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп се игра најзначајниот меч за Победа. Во рамките на последното, 30. коло на мегдан пред домашната публика Победа ќе игра против првакот, новиот прволигаш Беса од Добридол, Гостиварско. Доколку денеска се обезбедат посакуваните три бода тоа ќе значи продолжување на второлигашкиот статус за Победа, двата последни тима од табелата отпаѓаат, а тимот над нив игра бараж за опстанок.

ПОСЛЕДНО 30. КОЛО (19 мај во 17 часот): Победа – Беса,  Охрид – Кожуф, Детонит – Караорман, Саса – Вардар Н., Новаци – Скопје, Беласица – Арсими, Осогово – Пелистер, Башкими – Тетекс.

ТАБЕЛА: Беса 74, Пелистер 70, Детонит 57, Арсими 51, Вардар Н. и Охрид 42, Скопје 41, Беласица и Башкими 39, Кожуф 38, Новаци 31, Победа 28, Осогово и Тетекс 27, Саса 26, Караорман 15.

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе