ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Поставен камен-темелникот на автопатот Прилеп – Битола од Коридорот 10д

723

Поставен е камен-темелникот на автопатот Прилеп – Битола од Коридорот 10 д, долг 39,3 километри. Со овој проект, како што беше речено, се прави голем исчекор во насока на што побрз, побезбеден и поекономичен транспорт на луѓе и стоки. Изградбата базира на врвна технологија и стандарди, која ќе поттикне нова динамика во економијата и ќе отвори нови можности за вработување.

На настанот по повод-поставувањето на камен-темелникот се обратија и првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на Јавно претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми, в.д. амбасадорот на САД Ерик Мајер, амбасадорот на Турција Хасан Мехмет Секизќок, како и претседателот на „Бехтел и Енка“ за Европа, Африка и Блискиот Исток Џастин Сиберел.

Договорот со американско-турскиот конзорциум, стратешки партнер ангажиран со посебен закон и за проектирање и за изградба на автопатите, стапи во сила на 22 април. Преку Јавното претпријатие за државни патишта веќе се префрлени првите 117 милиони евра за подготвителните активности во пресрет на градежните работи, а со Програмата за финансирање на делниците на коридорите за годинава се предвидени вкупно 243 милиони евра. Вкупната вредност на проектот, според првичните најави од Владата, ќе изнесува 1,3 милијарди евра, како и дополнителни 300 милиони евра за експропријација.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе