ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Претставата „Вистинскиот запад“ пред прилепската театарска публика

262

В петок на 28 ми октомври од 20 часот, во НТ „Војдан Чернодрински“ Прилеп ќе гостува претставата„Вистинскиот запад“ по текст на Сем Шепард, во режија на Борис Василески.

Сте се фатиле ли себеси во момент кога правите нешто што е наметнато од општествените трендови и се пресметувате каква слика оставате во очите на другите?„Вистинскиот запад“ ја дава сликата на двете крајности, кога сакаме да бидеме дел од општеството и истовремено сакаме да се изолираме од лошо организираниот свет. Потребата да си најдеме свое место под сонцето не згаснува, а притисокот од „што сум направил до сега?“ не исчезнува.

Во претставата играат: Томислав Давидовски, Марјан Наумов, Мартин Манев, Тања Кочовска. Сценографијата и дизајн на светло: Мартин Манев; костимографија: Симона Даноска; извршен продуцент: Ава Хусеини. Преводот од англиски јазик е на Марио Стојаноски, а музиката на Ивица Димитријевиќ и Јане Трајковски. Дизајн на постер: Ана Јачева

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе