ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилепските боксерски асови заслужено до титула државни прваци во младинската лига (ВИДЕО + ФОТО)

Историска прва титула на боксерскиот клуб АС - Прилеп

299

И повеќе од заслужено прилепскиот боксерски клуб АС  заокружува една успешна , за овој клуб историска сезона во македонскиот бокс.Доминантно во младинската конкуренција прилепчани предводени од тимот Чатлески ја освоија титулата во оваа конкуренција , титула која е признание за нивната работа, нивниот труд кој го покажаа за време на тренинзите и внатре во рингот. Оваа титула ќе биде поттик за младите боксери да тренираат повеќе за следните натпреварувања на кои ќе учествуваат.

Многу млади боксери од оваа Младинска лига во следната сезона влегуваат во конкуренцијата од Првата лига. Ако продолжат со вакви настапи во следната сезона Боксерскиот клуб Ас ќе биде закана и за Првата лига во (сениорска конкуренција) – вели Дарко Чатлески за Радио Пела.Ние сме како семејство а тоа наше семејство само сака да ја покаже поврзаноста и спортските вредности на дело , во рингот и за време на тренажниот процес , додаде Чатлески.

Од шампионскиот уште велат дека  оваа млада генерација може  да има  светла иднина. Нивната напорна работа пополека започнува да се запечатува со успеси и резултати на државно ниво. Доказ за тоа е освојувањето на еден златен, четири сребрени и три бронзени медали на поединечното Државно првенство во бокс.А секако од кај прилепските асови во иднина се надеваат и успеси и на меѓунеародна сцена.

Е па наши храбри момци и девојки , честитки и многу многу успеси во иднина!

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: