ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Романот „Симфонија„ од Билјана Тинтоска за тагата, смислата на животот и љубовта не ги остави рамнодушни присутните

318

Синоќа во холот на СОУ „Ѓорче Петров„ – Прилеп,  беше промовиран најновиот роман на Билјана Тинтоска, „Симфонија“ петта книга по ред и четврт роман, коj излегол од перото на писателката и професор по македонски јазик, Тинтоска.

Промоцијата не остави рамнодушен ниту еден посетител, зашто презентирајќи го делото „Симфонија“, промоторите Габриела Стојаноска Станоеска и Жанета Видевска и учениците од драмската секција “Слободна театарче“ , читајќи цитати од романот, раскажуваа за едно несекојдневно дело, за реална животна приказна –  за тоа колку тагата може да биде голема кога ќе се изгуби најблискиот член од семејството,  особено дете, и колку таа, тагата, може да направи промени во хармонијата на семејството, да го стави на нови патеки и предизвици човекот, да го промени погледот кон светот и љубовта, да ја зацврсти племенитоста на духот и да создаде поголемо почитувањето на животот.

Мајчинството на една жена која го изгубила својот син и нејзините ставови, како пораки и мисли во романот, ги растажи срцата на сите присутни и даде поттик за размислување „како да се надминат лошите мометни во животот и како доброто треба да се надоградува .“ Зашто човекот не почнува од нула, туку е поврзан со своите предци и има може да се лула од ветрот, но има котва “ –  напомена авторката при нејзиното излагање.

Романот  „Симфонија“ на Билјана Тинтоска ја освежи меморијата за смислата на живот – семејството и љубовта, раскажувајќи  како достоинствено треба човек да се носи со својата судбина и животните несреќи, со својата болка и тага,  а воедно како да се најде смислата на животот.

И, како што во една прилика рекол големиот поет Јован Дичиќ „Сите книги на светот треба да бидат утеха“ така и јас сакам оваа моја книга да биде утеха, токму за болката над болките – загубата на чедото. Човек смее да се нарече несреќен, само кога ќе го загуби своето дете“– рече Тинтоска , цитирајќи мисла од својата книга чија хероина е Јасна, која ја доживува болката која е најголема – загуба на својот 28 годишен син. Нејзината свест дека борбата со себе е најнерамноправната борба, ќе настапи кога таа ќе се потпре на Христа во себе. Со Него го победува непреболот. Со него живее во надеж за повторна средба со синот во вечноста.

Овој роман е поразличен од другите мои романи. Специфичен е по тематиката што ја обработува – како човек се справува со болката заради загубата на најмилите и како ја споделува радоста со другите. Романот е химна за крикот на болката, ама и достонствено носење на сопствениот крст, но и химна на смисла на животот и љубовта“  рече авторот на романот „Симфонија“, Билјана Тинтоска.

Промоцијата предизвика низа емоции, а беше надополнета и со прекрасните звуци на гитара во изведба на ученикот, Вања Младеновски.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе