ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Се враќаат бадниковите поворки и во Прилеп

340
Под мотото ,,Бадник и Божик во полн сјај” оваа година по пандемската пауза се враќаат бадниковите поворки и во Прилеп. Организаторот  здружeнието „Бадникови поворки“ информира дека се пријавени над 100 дечиња. Последната проба на Камената бина ќе се одржи на 5 ти јануари, пред настапот на Бадник на 6 ти јануари, кога се очекуваат и повеќе деца да се приклучат и заедно да запеат, симболизирајќи го Христовото раѓање.
„Бадниковата поворка започнува од Камената бина во 10:00 часот на шести јануари (Бадник) каде што децата ќе ги отпеат песничките ,,Вечниот Бог”, ,,Тропар на Рожденство Христово” и ,,Кондак на Рожденство Христово”. Тука дечињата ќе бидат пречекани од градоначалникот на Прилеп, г-динот Борче Јовчески кој симболично ќе ги дарува.
Пеејќи ја ,,Вечниот Бог”, поворката продолжува кон уличките низ старата чаршија, потоа се враќаме до божиќната пештера и се  упатуваме кон најблискиот храм, црквата Св.Кирил и Методиј (Параклис).

Децата во поворките ги симболизираат ангелите што го најавуваат Христовото Раѓање, а ѕвездичките што радосно ги веат над своите озарени лица се водилка кон местото каде што се раѓа Богомладенецот. Симболично прикажано, кај нас тоа е патот до божиќната пештера во која е претставен целиот настан на Христовото Раѓање – Божик,“ посочуваат од здружението организатор. 

Децата учесници во бадниковите поворки ќе пејат пригодни песни и ќе носат пригодно изработени пештери на кои е претставено Рождеството Христово и ѕвезди што ја симболизираат ѕвездата која ги водела тројцата мудреци до местото каде што бил роден Исус.

Идејата за овие бадникови поворки потекна од свештенството на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, а целта е да се возобнови древната традиција на правилно празнување на Бадник во духот на православното предание, наместо коледарските посети на домовите и пеење пагански песни.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: