ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ со дуално образование по германски стандарди и многу струки барани на пазарот на трудот

632

Минатата седмица средното општинско училиште „Ристе Ристески -Ричко“- Прилеп организираше отворен ден во просториите на училиштето. Настанот го посетија деветтоодделенците од Прилеп, но и од училиштата од населените места и Општина Крушево, со цел  да се запознаат со работата, условите и образовните профили што ги нуди училиштето.

Со струките што ги нуди нашето училиште обезбедуваме кадри што се барани на пазарот на трудот, а со тоа ја намалуваме невработеноста. Во прва година во СОУ „Ристе Ристески Ричко“ ќе се запишат 313 ученици во 10 паралелки.  Учениците кај нас добиваат стипендии, меѓународно признаени дипломи и вработувања по завршувањето на средното училиште во некои од компаниите со кои соработуваме преку дуалното образование. Нашето училиште е различно од другите стручни училишта по тоа што имаме бројни струки кои ги бара стопанството, а преку дуалното образование минатата година, имавме и врабтоувања веднаш, во фабриките: Гентерм, Витаминка, ВИК.. Уписите за идните средношколци започнуват од 2о-ти и ќе траат до 25-ти, а на 26-ти ќе ја имаме листата на примени ученици. – рече директорката на училиштето, Цветанка Ѓорѓиоска.

СОУ „Ристе Ристески Ричко“  Прилеп, познато како индустриско училиште, е расадник на многу успешни луѓе што се дел од заедницата, а некои од нив се успешни и надвор од границите на Македонија со своите знаења и вештини стекна тука. Но, она што ова училиште го одвоува од другите, е неколкугодишната соработката со гермаското стопанство, односно спроведување на дуално образование по германски стадарди.

 

Тука сме да ги преставиме двете програми по германски стадарди кои ги спроведува делегацијата на германското стопанство во соработка со средното училиште и четири компании -партнери. Програмата по дуално стручно обвразование по германски стандарди опфаќа два образовни профили:  техничар за идустриска мехатроника од Електро стурката и техничар за производно машинство од Машинскаа струка. Оваа програма ја спреведуваме од 2017 година , а во Прилеп имаме соработка со компаниите: Гентерм, ВИК, Ламинат – Ком и Витаминка. Она што е специфично за оваа програма е тоа што учениците имаат можност она што теоретски го учат во училиштето да го применат,со изведување на практична настава, во компаните. Што значи тоа дуално образование по германски стадарди? Тоа значи 50% од своето образование учениците го извршуваат во училиштето, а 50% во компаниите каде таму за нив се задолжени посебни ментори кои ги обучуваат и им помагаат во изведувањето на практичната настава. Покрај тоа, во рамките на оваа програма, учениците добиваат и месечен паричен надомест кој го исплаќа компанијата, првоз и бесплатен оброк , како што налагаат германските стандарди. Учениците, од овие профили, полагаат и испит по германски стадарди. Па, доколку  го полжат, добиваат и „сертифика за квалитет“ кој им ги отвора вратите во сите компании во Светот, иако по завршувањето на нивното образование и компаниите – партнери им нудат вработување.„ вели Вера Јовческа Јанчевска, преставник на делгацијата на германското стопанство во Македонија.

Во секторот Електротехника  учениците можат да изберат меѓу профилите електротехничар за компјутерска техника и автоматика / електротехничар за електроника и телекомуникации, техничар за индустриска мехатроника / електротехничар, енергетичар со практична настава во соработка со компании
и  електричар / автоелектроничар. Во Машинска струка , пак, идните средношколци ќе можат да се стекнат со звањата: машински техничар за моторни возила / машинско – енергетски техничар преку пракса во и соработка со компании, техничар за производно машинство /машински техничар, со пракса во компании и автомеханичар / заварувач/ инсталатер за греење и климатизација. Со запишувањето во Сообраќајна струка учениците ќе станат техничар за транспорт и шпедиција и техничар за патен сообраќај, а во Графичка струка ќе се стекнат со звање  графички уредник – дизајнер. Додека паралелката  Спортска гимназија им овозможува на сите оние кои имаат афинитети кон спортот да добијат стурчно и квалитетно образование за спортски активности и да бидат дел од спортската екипа на училиштето кое се натпреварува во неколку спортски дисциплини.

 

Денес СОУ “Ристе Ристески Ричко “ располага со современи училници, кои ги задоволуваат потреби за изведување настава со користење нагледни средства и ИТ-технологија. Во рамките на училиштето функционираат и повеќе простроии адаптирани  за изведување практична настава за сите струки и профило, а особена гордост на училиштетп е дуалнто стручно образование кое се спроведува во соработката со делегацијата на герамнското стопанство, каде се применуваат германските стандарди за квалификација на учениците.
Училиштето има своја  активна младинска заедница, спорстка екипа, учествува на многу меѓународни натпревари и има безброј други активности што го прават богат и квалитетен средношколскиот живот во СОУ “Ристе Ристески Ричко“ -Прилеп кое оваа година ги отвора ширум вратите за сите средношколци од регионот.

 

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе