ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Трицикли за Роми кои собираат отпад

364

На 30 лица  кои се занимаваат со собирање на отпад,  им беа доделени 22 трицикли со приколки како и заштитна опрема. Донација е во рамки на проектот „Обезбедување на пристојни услови за живеење за ромските семејства во општина Прилеп“ на невладината „Ромаперспектив“

Како што објаснуваат организаторите , основната цел на овој проект е подобрување на условите за живеење на социјално загрозени семејства, унапредување на инфраструктурата како и легализација на ромските населби. Меѓу другото , со проект ,тврдат, дека им се  помага на невработени Роми  да можат да дојдат полесно до работа, да бидат поконкурентни на пазарот на трудот и  за зголемување на нивните приходи.

Проектот е финансиран од Европската Унија, а го имплементираат ЦЕЛИМ од Милано, Ромски ресурсен центар од Скопје, општина Прилеп и „Ромаперспектив“ од Прилеп. Проектот се спроведува во партнерство со Министерството за труд и социјална политика и е поддржан и од Владата на Република Македонија.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе