ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Утре вечер премиера на театарската претстава „Мистерија Буфо“

295

Народниот театар „Војдан Чернодрински“ утревечер од 19,30 часот на матичната сцена на Театарот ќе ја изведе последната премиера од годинашнава програма, „Мистерија Буфо“ според Дарио Фо во режија на Андреј Цветановски кому ова му е прва професионална соработка со прилепскиот ансамбл.

Претставата е според приказни на Фо од средновековието и во фокусот на поголемиот дел од сцените е обичниот човек кој се буни и ја критикува состојбата во која се наоѓа, слично и во средновековието и денес.

-Овој театар за мене има фамилијарна вредност. Татко ми повеќепати работеше со прилепскиот ансамбал. Тој дух на неговата работа беше присутен во процесот на работа на претставата. Посебно е задоволството на работата со ансамблот кој игра до крај и докрај ѝ се радува на театарската игра. А тоа е многу битно, според мене, за создавање добра претстава. Претставата е вруток и мешавина на многу емоции и низ неколку приказни кои ги напишал Дарио Фо според мистериите како жанр на средновековниот театар, направивме радосна претстава. На таа радост во играта се темели претставата. Се надевам дека ова е почеток на едно прекрасно пријателство, рече режисерот Андреј Цветановски на денешната прес конференција.

Асистент на режија е Теодора Силјаноска, сценографијата е на Сергеј Светозарев, костимите на Марта Дојчиновска, музиката е на Томе Темелкоски, Димитар Ѓорѓиевски и ВИС „Војдан Чернодрински“, а драматург е Лидија Митоска-Ѓорѓиевска, која го направи и преводот.

Играат: Наташа Ачански, Илија Волчески, Димитар Ѓорѓиевски, Михајло Миленкоски, Ангела Наумоска, Марија Спиркоска – Илијески, Александар Тодески, Димитар Црцороски.

 

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе