ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Ученици- стручнаци направија модна ревија во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп од стара облека

1.485

Во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп по втор пат се’ одржа традиционалната модна ревија или уште т.н Trash Fashion. Креациите беа изработени од стара драперска облека. Модната ревија беше под мотото „секогаш да има љубов и среќа, а да нема војни„ . Мотото на овој настан беше инспирација од актуелните воени ситуации во Украина и во појасот Газа во Израел, а на истата се претставија 14 тимови по креации од училиштето.

Подготовките велат учениците со своите наставници – ментори тралеа повеќе од еден месец.

„Овој настан е втора година по ред што го организираме во нашето училиште под името треш фешн, односно денот на животната средина 5 јуни. Учениците тимски собираа материјали кои се’ реупотребливи, а од нив иразботуваа најразлична облека и модни додатоци нод разни видови на стара драперска облека. Темата од која што учениците добиваа идеи за креации се стариот народ Хипи односно учениците својата идеа ја добиваа од Хипи стилот, кои се карактеризира со носење на широка облека. Закличокот кој што ни го дава овој настан е да нема војни и секогаш да има мир и слога во целиот свет.“-изјави Наташа Мирческа, професор во текстилно кожарската стука во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп и еден од организаторите на овој настан.

Настанот беше поддржан од повеќе  Конфекција „Тритекс“,но и од неколку кафетерии,пицерии и слаткарници.

На настанот беа доделени три глави и седум дополнителни награди  од страна на жири комисијата во состав на професорите: Марта Макеска-Кузмановиќ, Наташа Мирческа и Здравка Најдоска. Првата награда и припадна на Јана Чергоска, втоарата награда и припадна на Доротеа Илиеска, третата награда и припадна на Јана Пирганоска, а дополнителни награди добија Марија Јовеска, Фиона Зајкоска, Тамара и Евгенија, Теодора Јошеска, Христина, Адреа и Анастасија, сите ученици во училиштето и учесници на модната ревија. Наградите на учениците – учесници на ревијата им ги додели директорот на училиштето Жанета Видевска.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе