ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(ВИДЕО)Фестивал „Самоков екстрим“ со богата програма и понуда за сите генерации на 1 и 2 јуни

171

Поречието, Самоков, Македонски брод на 1 и 2 јуни ќе бидат центарот на вљубениците во природата, велосипедизмот, планинарење, есктремните спортови како што се теренските возила и моторциклите. По трет пат ќе се одржува манифестацијата „Самоков екстрим“ на која учество ќе земат голем број на учесници во трките, како и сите оние кои што сакаат да уживаат во чиста животна средина и да вкусат традиционално подготвена храна од овој регион. Заинтересираните можат да резервираат сместување во постоечките капацитети, или да кампуваат бидејќи ќе биде поставен камп на на фудбалското игралиште во Македонски брод.

 

-Во Самоков ќе се одржат два настани, а тоа се трет по ред Самоков екстрим и велосипедската трка Вело Че низ Порече. На 1 ви јуни ќе се одржи ревијалниот дел од фестивалот на отвореноа официјалниот настан ќе се одржи на 2 ри јуни, недела, кога се планирани повеќе тури како спортски дел. Покрај спортскиот дел ќе има и пазар каде што ќе може да се вкусат традиционалните локални производи, посочи Вања Димоска од ЛС Македонски Брод.

Организатори се локалната самоуправа на Македонски Брод, здруженијата „Форум за авангардна креативност“, „Вело Че“ и Самоков екстрем“, Здружение за мотокрос „Хартен Дуро“, Здружение за спорт со теренски возила „Оф роуд“ од Прилеп, Планинарското здружение „Пелагона прва“.

– По шести пат ја организираме велосипедската тура „Вело Че низ Порече“, а трета година во рамките на Фестивалот „Самоков екстрим“. Годинава велосипедската тура ќе биде на нова локација „Од другата страна на Поречието“. Стартот е од Извор – Манастирец, црквата Пресвета Богородица, Томино село, Сушица, Клинче, Могилец и назад, во должина од 35 лм, а ќе има уште една помала вело тура, посочи  Даниел Гарбески од Здружението „Вело Че“.

Во основа општината заедно со здруженијата со кои неколку години соработува има за цел развој на руралниот, планинскиот и алтернативниот туризам во Поречкиот регион преку промоција на недопрената природа и здравата храна. За вљубениците во планинарењето организаторите обезбедија превоз од Прилеп до Самоков и назад.

– По трет пат имаме можност да ги откриеме убавините на Самоков и Поречието. Како наша дестинација за планинарење ја одбравме планината Добра вода. За сите љубители на планинарењето создадовме една кружна патека од 15 км која очнува и завршува во Самоков. Патеката е во категоријата средно – тешка прилагодена за сите генерации, но не и за почетници, за што е потребна стандардна планинарска опрема, рече Маријана Георгиевска од Здружението „Пелагона прва“.

Мото крос патеката е во должина од 65 км чиј што старт е од Самоков, Манастирот Свети Никола.

– Патеката е лесна, авантуристичка, но многу е важно да се задржи редот на возењето. Се вози до село Битуше  и назад, а можат да учествуваат  сите со технички исправни возила предвидени за теренско возење и заштитна опрема, обезбедени се водичи низ целиот тек од патеката. Очекуваме 50 до 60 моторџии, вели Дејан Пеливаноски, еден од водичите за трката.

Годинава за прв пат во Фестивалот се вклучуваат и теренските 4×4 возила, преку „Оф роуд“ клуб Прилеп.

– Маркиравме една патека во должина 65 км. која што е наменета за возачи на теренски возила од авантуристички карактер. Тргнувањето е од Самоков, крајната точка е Манастирот Свети Никола, каде што има организирано ручек и по истата патека се враќаме назад. До сите учесници апелирам да се придржуваат на правилата од организатор со обезбедување на потребната опрема  и сите да уживаме во природните убавини на Поречието, рече Благоја Конески  од „Оф роуд“ клуб Прилеп.

Заинтересираноста е голема за учество на фестивалот, а сите кои што сакаат да учествуваат во турите или едноставно да го посетат Македонски Брод и Поречието подетално да се информираат на ФБ фан страната OUTDOOR FESTIVAL „SAMOKOV XTREME 24“.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе