ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

8

На ридот кај прилепско Алиници, до патот Прилеп – Битола, во близина на градската депонија денеска беа засадени 10 илјади садници со бел и црн бор и костен. Иницијативата е на прилепската текстилна индустрија „Комфи Ангел“ чии вработени, заедно со локалната администрација, учествуваа во акцијата на пошумување. Ирена Јакимоска, косопственик на текстилната компанија вели дека ја поддржале идејата што започнала меѓу вработените.
Прилепскиот градоначалник Борче Јовчески уверува дека Општината активно ќе ги поддржува акциите за пошумување.  Во регионов слична акција се одржа пред неколку месеци по иницијатива на Советот на општина Прилеп кога беа засадени околу 4000 дрва. Територијално, прилепската е најголема општина, но со најмалку зелени појаси. Има околу 20 проценти, а треба да бидат барем 50 отсто.

Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот #CHinMK

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе