ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

62 дилери од кои 22 од Прилеп биле лишени од слобода на територија на СВР Битола во првите два месеци од годината

1.004
По вчерашната  информација , дека битолската полиција синоќа го привела 54 годишниот прилепчанец, наставнк , бидејќи кај него била пронајдена бела грутчеста материја , утрово од СВР Битола, информираат дека 62 дилери биле лишени од слобода на територија на СВР Битола во првите два месеци од годината, од кои 22 од Прилеп.
„Во текот на првите два месеци од 2023 година на подрачјето на СВР Битола во врска со недозволена трговија со дрога од слобода биле лишени од слобода 62 лица (40 во Битола и 22 во Прилеп), биле извршени 13 претреси на домови и други простории(8 во Битола и 5 во Прилеп) и биле извршени 97 прегледи на лица и возила во Битола. Во овој период, исто така за сторени кривични дела по член 215 од Кривичниот законик, поднесени се вкупно 24 кривични пријави (Битола-14, Прилеп 9, Крушево1) за сторени 29 кривични дела против 35 сторители (Битола 22, Прилеп 10, Крушево 3) при што пронајдени и одземени се марихуана, хероин, кокаин, амфетамин, метамфетамин, таблети МДМА…„-стои во официјалната информација на СВР Битола.
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: