CSS Template

Александар Царчев : „Ако вечерва играме добро со Словенија може да играме за висок пласма!“

ЕП во ракомет

329
Avtokontrol1

Денеска за Македонската репрезентацијата и официјално започнува Европското првенство (ЕП) , која вечерва ќе ја отвори групната фаза со натпреварот против Словенија.  По назначувањето на Раул Гонзалес за селектор на машката ракометна репрезентација, шпанскиот стручњак за тренер на голманите го избра поранешен голман на РК Вардар и  трнер на голманите на ЖРК Вардар,Александар Царчев.

                                                               Радио Пела: Најголемиот успех на Македонската репрезнтација беше 5-то место на ЕП во Србија. Кои се можностите на Македонската репрезентаација на ова ЕП во Хрватска? Може ли да се бориме за висок пласман?

Александар Царчев:  Секако секој спортист сака да се бори за висок пласман. Лично мисла дека имаме најдобра репрезентација до сега,спој на искусни и млади ,но и добри голмани.Ако се наредат коцките и не посужи спортската среќа,би сакал да играме полуфинале и со медалја да се вратиме во Македонија. Лично мислам ако вечерва изиграме добро со Словенија, може да играме и за висок пласман.Словенците навистина играат брз ракомет , но нашиот тим зане да игра добро. Имаме силна група. Со Германија, исто ќе биде тешко. Но, очекуваме огромната поддршка од македонските навивачи кои сигурно  ќе придонесоа за позитивни резултати на нашата репрезентација.

Шпанскиот стручњак Раул Гонзалес се одлучи на денешниот меч со Словенија  да ги изостави Златко Даскалоски, Велко Маркоски, Гоце Ојлески.На овој меч ,со Слованија ќе бидат пријавени двајца голмани, Ристовски и Митревски.  Младите Поповски и Велковски исто така ќе ги чекаат првите минути на Европското првенство. Повредата е минато за Немања Прибак, кој е спремен за дуелот со Словенците.

Натпреварот против Словенија почнува од 19:30 часот, два дена подоцна играме против Црна Гора, а првата групна фаза ја заокружуваме на 17. јануари против актуелниот европски шампион Германија. Првите три селекции од групата продолжуваат во втората групна фаза во која се вкрстува со најдобрите три од Данска, Шпанија, Унгарија и Чешка.


semm
Vivafarm
Penata
Farma Dolneni