ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Апел од Општина Прилеп до стопанските субјекти да ги пополнат формуларите за потребите на гасификацијата

652

Општина Прилеп во рамките на проектот „Гасификација на Прилеп“, веќе две недели на терен врши анкета на стопанските субјекти од градот, со цел правилна и точна проекција на трасата и капацитетот на секундарната гасоводна мрежа, која што треба да се гради на територија на општината. Надлежните истакнуваат дека одреден број претпријатија веќе ги пополниле формуларите коишто им се доставени од страна на Општината. А, не е мал бројот и на фирмите, коишто ги пополнуваат формуларите онлајн, преку интернет.

Општина Прилеп апелира до сите стопански субјекти од градот, колку што може поскоро да ги внесат своите податоци во анкетните листови (енергетска картичка и топлински трансформации) прикачени и на страницата на Општина Прилеп.
Анкетата за потребите на гасификацијата ќе послужи како база на податоци за проектантите, кои што ќе ги одредуваат приоритетните локации за трасата на секундарната мрежа.

 

Во втората фаза од овој проект ќе се врши анкета и за потребите и интересот на граѓаните.
Пред еден месец пред претставниците на прилепските поголеми
компании, беше претставен проектот „Гасификација на Прилеп“. Општината од компаниите очекува известување за нивните реални потреби – денес, како и во рамките на проектираните капацитети, во првата фаза за првите 20 км гасоводна мрежа во
градот.

Општина Прилеп обезбеди 6 милиони денари за проектната документација. Основниот проект треба да биде готов до крајот на оваа година. Прилеп е приклучен на Делница 2, на јазолот Кавадарци- Битола, а снабдувањето со гас ќе се врши преку гасоводот ‘Гама’. Предвидено е за Прилеп да бидат на располагање 24.000 м3 гас на час. Во моментов во подготовка се идејниот и основниот проект за гасификација. Околу 30 поголеми и помали фирми треба да се приклучат на мрежата.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: