ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

„Апокриф“ тазе – албум на прилепската дама со беспрекорен глас

1.324

Излезе новиот албум „Апокриф“ на Добрила Грашеска и Дориан .Јовановиќ, кои соработуваат долги години во групата Чалгија саунд систем. Добрила ги пее македонските песни.

Прилепската Едит Пјаф, Добрила Грашeска ги пее македонските традиционални песни, емотивно, со беспрекорен чист глас, со вметнување на оригинални украси, која само таа ги може, играјќи си со мелодијата, создавајќи музика едноставна и прекрасна за слушање и восприемање, а Дориан свири на ут (уд), инструмент со жици од персиско-арапско потекло, и го вградува токму народниот дух во музиката. Таков е дуо албумот „Апокроф“, исполнет со љубов, мир, убави музички звуци, на моменти и со музичка „тишина“, кој е вреден да се чуе и да се има во својата музичка датотека.

За албумот, директорот на Скопскиот Џез фестивал и еден од најпознатите културни работници во државава, Оливер Белопета на својот фејсбук профил ќе напише “Ремек дело во најава. Dobrila Graseska & Dorian Jovanovic. “Apocryph”. После долго време издание инспирирано од најубавите македонски традиции кое заслужува да му го понудиме на светот. Во печат, со етикетата на Скопскиот џез фестивал. Дизајн, Зоран Кардула.

Албумот е снимен меѓу два коронски пика, во јули – август 2020 година, во студиото Профундус и издаден под етикетата на Скопје Џез фестивал во јуни, 2021 година.

Инаку во најава, на 10 -ти јули в сабота, Добрила Грашеска заедно со Чалгија саунд систем ќе настапи во својот роден Прилеп, кој секогаш ја очекува со раширени раце и со желба да ја слушнат емотивната дама со беспрекорен глас.

Добрила Грашеска, беше избор на Радио Пела за наградата „13 Величествени“ за 2020 год, како екстраден уметник кој има посебна заслуга, како прилепчанка, во негување на музичките традиционални вредности, награда која Радио Пела традиционално ја доделува на прилепчани, за кои медиумите пројавиле особен интерес.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: