ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Богат спортски ден на ЏК Сеишин Прилеп

970

Паралелни активности реализираа стручниот кадар и џудистите од Сеишин последниот ден од месецов. Во Струга, во организација на ЏФРСМ (судиска и тренерска комисија), денеска се одржа втор семинар за лиценцирање на џудо судии и џудо тренери.

Од ЏК Сеишин Прилеп учество зедоа 4 кандидати од кои Мајсторот Мики Чадамов изврши продолжување на лиценцата за работа за џудо тренер за тековната година, додека Марио Цинцароски и Александра Најдоска за прв пат се здобија со лиценци за Џудо тренери, а Михаел Конески е нов лиценциран џудо судија. Со ова, клубот Сеишин го зголемува бројот на стручни кадри во своите редови.
Вториот настан на кој зеде учество клубот Сеишин, што беше дел од Меѓународен клубски контролен тренинг во Кочани во Организација на ЏК Гладијатор. На овој богат спортски настан учество зедоа вкупно 7 клубови од кои 6 од Македонија ( Гладијатор Кочани, Рудар М. Каменица, Пелистер Битола, Сеишин, Санкаку и Прилеп од Прилеп) како и еден клуб од Бугарија (Џудо фор Олл -Софија).
Наредната седмица ЏК Сеишин Прилеп продолжува со активности со техничка организација на Државните првенства за пионери и сениори на и тоа на 08 ми март в недела во спортската сала на СОУ Ристе Ристески Ричко Прилеп со почеток од 11.00 часот.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: