ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Бомба во боксот : Стартува професионалната кариера на Трајче Macedonian Machine ( ФОТО)

1.910

Во Тетово на 17 Април во организација на боксерскиот клуб Шкендија Но Лимит ќе се одржи професионална боксерска ревија. На боксерскиот спектакл наречен “Night of the chanmpions” ќе има 6 професионални борби од кои две со македонски боксери. Лулзим Исмаили во супер велтер ќе се бори во 10 рунди против Јасмин Данановиќ од БиХ за Евроазиска титула во верзијата W.B.F .Трајче Илиоски во супер велтер категорија ќе дебитира против Рамиз Џафиќ од БиХ во 4 рунди.

Можам да кажам дека Трајче Илиоски е во одлична форма. Се спремаме веќе 8 месеци со програмски тренинг. Ќе одиме на победа , првата борба во профи рингот е многу битна . Целта ни е Трајче да победи па потоа ќе размислуваме и за втора професионална борба , вели Дарко Чатлески од ПроБокс Македонија.

Инаку сите шест професионални борби ќе се одржат без публика а од настанот организаторот ќе реализира live stream , па така сите заинтересирани ќе можат да го погледнат и дебитантскиот настап на прилепчанецот Трајче Илиоски. Му посакуваме деби победа на Трајче Machine.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: