ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Британски експерти ќе ги обучуваат македонските за бездомните кучиња

654

ЈКП,, Комуналец,, – Прилеп е домаќин на работилница посветена на хуман третман на кучињата – скитници. За таа цел, во соработка со RSPCA (Кралско здружение за заштита на животните од суровост) од Англија експертот Брајан Фолкнер, како и стручњаци од Агенцијата за храна и ветеринарство теоретски и практично ќе се одржат вежби и предавања.

Ќе се одржат три работилници на теми:

– практично заловување на куче и неговиот пат во прифатилиштето: чипирање, земање на крв за тест Лајшманија, дехелминтизацијa, кастрација/стерилизација, вакцинација и обележување со ушна маркица,

– предавање и дебатирање со претставници од повеќе градови: Штип, Демир Хисар, Гостивар, Кичево, Велес, Охрид и Куманово

– презентација и обука за правилно заловување на куче со најнова, модерна и паметна опрема која што Прифатилиштето ја набави овај месец.

Трите дена ќе се дебатира, дискутира, со предлози и заклучоци, во интерес на решавањето на проблемот со бездомни кучиња.
Прилеп е еден од ретките градови каде има организирано уредно прифатлиште, согласно стандардите за изградба на објекти од ваков карактер, но и стручност на кадарот кој работи во прифатилиштето.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: