ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Чествување за војводата Толе Паша во селото Крушевица, мариовско

Здружението „Калеш Анѓа“ ја продолжува традиција со оддавање почит на легендарниот војвода

966

Прегрнати во гробот, татко и син, загинати во битка со поробувачка војска – така биле пронајдени 1999 година во местото „Сама Бука“ на Кленски Дол кај селото Гудјаково, Мариово Војводата Толе Паша и неговиот син Велјан. Историјата сеуште има што да каже во врска со легендарниот војвода Толе и неговиот син Велјан, но на нас останува да не се заборави нивната жртва за слобода на македонскиот народ, кој во тоа време бил под јаремот на турското ропство.

– Би сакал да остане една традиција зашто ова е еден трогателен историски настан, станува збор за историска личност, легендарна личност. Сакам да го напомнам моментот на нивното наоѓање во гробот- начинот на кој биле погребани во 1904 година на 3 ти февруари . Во гробот биле поставени од жителите или не знаеме од кого, најверојатно од мештаните на селото Буѓаково, кое е најблиску каде што била и битката, во една навистина трогателна во една чувствителна положба прегрнати во гробот. Тоа укажува дека се работи за блиски личности, а од историски списи е познато дека Толе Паша Војводата загинал заедно со неговиот син Велјан во битката со над 3 илјади аскер. Многу пати ние знаеме да кажаме разни зборови за нашите историски личности од тој период, но навистина треба да знаеме дека се работи за многу специфично време, време на ропство, време на едно тешко живеење и ваквите личности изглегле херојски да се спротивстват на таквото постапување со народот и на некој начин да иницираат организирање за ослободување и за подобрување воопшто на животот, вели Тренчо Димитриоски претседател на Здружението Калеш Анѓа.

Чествувањето за Војводата Толе Паша по повод 114 години од загинувањето и 17 години од пренесувањето на неговите мошти и на неговиот син во село Крушевица, утре ќе има содржајна програма и ќе започне со комитски марш во 7 часот изутрината. Маршот на релација Писокал – Скала – Чашица – с. Крушевица, е во организација на Планирското друштво „Јане Сандански“ од Прилеп. По пристигнувањето ќе се одржи панихида на гробот на Војводата Толе Паша во Крушевица, како и беседа за неговото дело. Исто така планирана е културно уметничка програма и комитски ручек.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: