ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Четири нации, четири градоначалници го славea мирот

556

99 години по завршувањето на Првата светска војна, градоначалниците на Штајнхем (Германија), Новаци (Македонија), Коломбелс (Франција) и Корнака (Нигер) се сретнаа во градината на мирот, на 11 ноември,по повод Меѓународниот ден на примирјето од Прва светска војна, пред новиот споменик на кој се изгравирани имињата на загинатите војници од сите четири земји кои загинале во тој период.

По повод церемонијата и откривањето на споменикот, тие ја изразија својата желба да го разгледаат минатото и загубите поврзани со конфликтите, за да им понудат на младите луѓе нов одраз на човештвото.

Голема благодарност за поканата но и за гостопримството за градоначалникот на Коломбел, Марк Потје. Овој споменик е само потсетник на разорните последици кои ги оставаат војните, затоа во иднина нека послужи како пример тоа да не се повтори.  Настанот беше во знак на помирувањето и нашата понатамошна соработка со останатите три општини, на размена на искуства и знаења и вложување во иднината на нашите деца.“ рече Љубе Кузманоски , градоначалник на општина Новаци.

Спомен обележјето се состои четири плочи на кои се испишани имињата на загинатите од општините Штајнхем (Германија), Коломбелс (Франција) и Корнака (Нигер). На спомен плочата на Република Македонија се запишани 32 имиња на Македонци, кои потекнуваат од општина Новаци.

Минатата година во истиот период делегација на општина Новаци беше во Коломбел кога двете општини склучија Меморандум за разбирање и соработка. Една година подоцна и официјално е пуштен во употреба Споменикот на Првата светска војна – Градина на мирот.

На свечената церемонија покрај градоначалникците на четирите општини присуствуваа и владина делегација на Република Франција, воени аташеа, претставници на здруженија македонци од Франција, Швајцарија и Белгија.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: