ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Дали е случајно?! Приказна за момчето од спотот „Secret place“ на Тоше Проески?

23.668

              Дали е случајно?! 

Има прекрасен ангелски лик кој плени со својата благост, наивност, пристојност, милост и искреност. Момчето од Крушево со сини небесни очи како водите на крушевското езеро, зрачи со својата скромност и блажен лик. Тој е како и сите други момчиња, на 13 годишна возраст, но нешто од него рафинирано и културно произлегува, извира од длабочината на неговиот дух и го пренесува врз другите. Учи во училиштето ООУ „Никола Карев“- Крушево, каде што учел и Тоше Проески. Но, тоа е само еден мал сегмент на поврзаноста…

Кое е момчето во спотот на „Secret place“ од Тоше?

Неодамна беше промовиран новиот постхуман необјавен албум на Тоше „Secret place“ (“Тајно место“) и спотот за оваа песна е снимен во Крушево. Се смета дека во оваа песна – “Secret place“ се опишува „тајното место“ на Проески кое го имал и каде што го наоѓал мирот. Но, во создавањето на спотот некој требаше тоа да го пренесе и да го одглуми. Во спотот играат Марија Јанчевска и Кирил Пупуноски.

Продуцентот, Александар Пауновски и ја додели женската улога на Марија Јанчевска од Скопје, но по неколку кастинзи (аудиции), во повеќе градови од Македонија, момче кое треба да ја има главната улога во спотот – никако да се одбере.
Спотот, дури бил замислен да се снима во зима, со скијање, снег, на снежните крушевски падини и во крушевската корија, но продуцентот и екипата не можеле да пронајдат момче според нивната замисла.

СЛУЧАЕН ИЗБОР ИЛИ … НИШТО НЕМА СЛУЧАЈНО ?

„Се почна многу случајно!“ раскажува мајката на Кирил Пупуноски, Моника Пупуноски. Пролетта годинава, екипата која го подготвувала спотот за песната од Тоше, имале кастинг во кој биле вклучени 30 деца во Крушево и другите градови, а на него учествувало другарче на Кирил, кој го предложил Кире за следниот кастинг. Александар Пауновски го видел неговиот лик само на фејсбук.
„Нам ни се јавија во јули (2018) дали може да го однесеме Кирил на кастинг во Крушево. Кирил тренира фудбал и тој ден беше на натпревар, па ние не бевме во можност да го однесеме на кастингот. Поминаа две недели и тој момент веќе го заборавивме, оти и не ни изгледаше реално “- раскажува, Моника Пупуноски, мајката на Кирил.

.

– ТОА Е ЛИКОТ КОЈ МИ ДОАЃА КАКО ВО СОН!

Но, се случи чудо!!! По две недели, продуцентот Александар Пауновски побарал средба со Кирe. „Само што слеговме од автомобилот во Крушево, тие го препознаа како лик и инсистираа да го сликаат. Направи неколку фото сесии и со Марија (девојчето од спотот)“.- раскажува мајката на Кирe. „Подоцна разбравме дека на продуцентот замислата му била друга за овој спот, но како во сон му доаѓало дека треба да бара момче од Крушево, со опис на лик, како на Кире“, вели таа.

„Тоа досега не можев да го најдам во другите деца, ни сам незнам зошто. Неговиот поглед кој го барав од фејсбук фотографијата не ми беше верен. Но, кога го видов во живо, знаев дека е тоа – ТОЈ?“ им открил продуценот на родителите.

Но, тринаесетгодишното момче Кирe со својата детска страмежливост, ниту сакал да глуми, ниту сакал да биде дел од ова филмско музичко сценарио. Тоа бил и најтешкиот дел, како да се убеди момчето да учествува во спотот.
По една недела повторно доаѓа продукциска екипа за пробни снимки. “Се убедиме тоа да го направи пробно, но имаше тешкотии при снимањето со неговата нова познаничка Марија, па Александар Пауновски дури и одседна неколку недели кај нас, да му помогне да ја совлада техниката на глумата. Искрено, ниту ние како родители не верувавме дека Кирил ќе го направи тоа! Септември започна снимањето!“ – велат родителите.

„Јас не сакам да бидам ниту пејач, ниту глумец. Јас сакам да играм фудбал. Јас не го сакав, ниту го посакував тоа снимање. Сето тоа создаваше кај мене нервоза и непријатност“ раскажува Кирил Пупуноски, за сите тие сцени поврзани со намерата тој да биде дел од спотот на Тоше.

ТОЈ МЕНЕ МИ ПОМОГНА, СЕГА БАРА,
ЈАС НЕМУ ДА МУ ПОМОГНАМ!

Но, судбината пишува неверојатни приказни. Кирил бил болен како бебе и престојувал со неговата мајка во Детската клиника во Скопје. И по неколку недели болеста не била дијагностицирана.

“Тој ден пристигна Тоше, да ги посети болните деца, бидејќи беше голем донатор на Детската клиника во Скопје. Нас не запраша што му е на Кире, бидејќи се познава со сопругот, иако тоа не беше пресудно, бидејќи тој сите деца и родители ги прашуваше и му обрнуваше внимание при посетата. Другиот ден, дојде со цел конзорциум лекари, меѓу нив и пензионирани. Го прегледаа Кире, ја одредија дијагнозата и требаше да почнеме со скапа терапија, со инјекции од Франција. Утрото, на рутинската контрола лекарот ни соопшти дека инјекциите се стигнати и дека веднаш ќе почнат со терапија. Кире се излечи. Никогаш не дознавме колку чини терапијата, кој бил донаторот. Тоше ни го спаси нашето синче“ – раскажува мајката Моника.

 

Се констатирало дека проблемот кај малиот Кире настанал од убод на маларичен комарец, со што била прецизирана неговата дијагноза, во што помогнал и самиот Тоше.

Оваа приказна Кире не ја знаеше се до моментот на снимањето на спотот. Кога ја дозна – тоа беше пресудно да прифати, да го снима музичкиот спот на неговиот спасител и идол – Тоше Проески.

„Тој мене ми помогна еднаш. Ми го спасил животот! Денес побара јас да му помогнам, да се чуе неговата песна преку спотот. Јас сега ова го направив за него, но уште еднаш никогаш во животот нема да ме натераат да снимам! “- вели Кирил, кој Тоше веќе го чуствува како дел од него.

И УШТЕ ЕДНА СЛУЧАЈНОСТ!

Крштевката на Кирил била правена на ден 16 – ти октомври, датум кога загинува и Тоше. Случајност или не?!

„Денеска плачеме кога го гледаме спотот! Сме изненадени од сите филмски кадри, и оној кај прозорецот, и кај манастирот и кај дрвото и кај езерото, каде Тоше некогаш престојувал, седел и во мир ги полнел неговите животни батерии. Мора да и се заблагодариме и на Марија, која има искуство во ова. Таа е едно прекрасно девојче кое цело време го мотивираше, му помагаше и го бодреше Кирил, постојано повторувајќи дека: тој, тоа може да го направи! И,така успеавме.
Сеуште не веруваме дека тоа се случи, но верувам дека има некаков флуид и дека не е ништо случајно. Има позитивни коментари за спотот и актерството на Кирил. Сите мислат дека тој е глумец кој учи актерство, а тој само го сака фудбалот, па дури и во спотот има фудбалска топка, заради него “- низ солзи, па низ насмевка раскажуваат родителите на момчето од Крушево.

Кирил Пупуноски, направи вистински подвиг со снимање на спотот на песната „Secret place“од Тоше, за да продолжи неговото дело, за сите фанови и пријатели на една од најмаркантните, најскромните и најхуманите музички ѕвезди – Тоше Проески, кој прерано го напушти овој свет.

Но, Тоше еднаш рече, и е запишано на неговитот најнов спот:

„Бидeте силни во секој поглед, бидејќи најголемата борба е со самиот себе !“- Тодор Тоше Проески.
Порака која е упатена до сите, па и до момчето Кирил, кое никогаш не глумело, никогаш не снимало и рече дека никогаш повеќе нема тоа да го прави! Но, кој знае…најголемата борба останува со самиот себе, нели ?!

Новиот албум на Тоше „Secret place„ е работен во студиото на британскиот продуцент Енди Рајт, а беше промовиран на концертот во Скопје, кој се одржа на втори ноември годинава, во чест на македонскиот ангел и мега ѕвездата,Тоше Проески.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: