ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Дамевски: Засекогаш ќе ја паметам титулата освоена со Победа (ВИДЕО+ФОТО)

930

Благојче Дамевскисе раздели ” од копачките и од следната сезона нема активно да учествува во својот матичен клуб Победа во настапите од втората македонската фудбалска лига исток. Дамевски во својата кариера одигра доволно натпревари за Победа , 11 Октомври , Напредок па дури и повеќе годишно искуство во Финска каде настапуваше во клуб од втората лига , па со своето искуство сигурно ќе биде добредојден во редовите на прилепчани, можеби како дел од стручниот штаб , што тој и потајно го посакува.Благојче ни гостуваше во нашата програма во живо и како што вели ќе направи се да и помогне на Победа ако нормално биде повикан од раководството на победашите.

Победа од вчера ги стартуваше подготовките за престојната сезона а за почеток ангажираше тројца фудбалери а се очекува и клубот да одигра серија на пријателски натпревари.10-ти Јули – Победа – Детонит , 17-ти Јули Победа – Братство , 1-ви Август – Победа Вардар , 7-ми Август – Победа – Охрид.

За време на гостувањето , колегата Игески анализираше со Дамевски околу европскиот фудбалски шампионат и неговата завршница.Прилепскиот фудбалер не ги криеше симпатиите кон финската селекција а потајно се надева дека ќе има уште некое изненадување до крајот на ЕУРО 2020. За фудбалот , за кариерата и актуелниот европски фудбалски собир во велосниот разговор подолу во видеото.

Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот #CHinMK

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе