ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ДЕНЕШНИОТ ДЕН ПРИЛЕПЧАНИ ГО ЧЕКАА 5 ГОДИНИ – СЕ ОТВОРА СТАДИОНОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ„ СО ПОБЕДА-ВАРДАР

1.666

Денеска во 18 часот најлутите македонски ривали, некогашни шампиони, а сегашни второлигаши – прилепска Победа и скопски Вардар, ќе го одиграат најзначајниот пријателски меч. Најзначаен е затоа што со него се отвора реновираниот Градски стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Ова прилепските фудбалски љубители го чекаа повеќе од 5 години, по второлигашкиот меч Победа – Велазерими 2:0, одигран на 14 мај 2016 година.

Вреди да се ужива во следење на фудбалот на градскиот стадион ,но и да се видат сегашните засилени состави на двете екипи, кои најавуваат атак кон првите второлигашки места, за враќање во Првата лига.

Од прилепскиот клуб објавија дека влезот е слободен, па се очекува сите места да се исполнат на покриената северна трибина.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: