ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Денеска да се потсетиме како превентивно да ја спречиме болеста дијабетес?!

1.083

Бесплатно мерење шеќер во крв, денеска , по повод „Светскиот дена на дијабетес“ 14-ти ноември организира „Лајонс клуб“ – Прилеп.  Пунктот ќе биде поставен кај градскиот саат, наспроти, Кафе „Чоше“,  во 12ч.
Акцијата ќе се спроведува координирано во сите градови од западна Македонија во организација на Лајонс клубовите.  Со редовното мерење на шеќер во крвта,  може превентивно да се делува во спречување на оваа болест, која се смета за болест на модерниот свет поради честата прекумерна тежина,  велат лекарите.

Според официјалните податоци над 200.000 илјади граѓани на Македонија боледуваат од дијабетес, но се смета дека оваа бројка, која, за жал, расте од ден на ден, е поголема.

Светот 14 ноември го обележува како ден на дијабетесот преку глобална кампања предводена од Светската здравствена организација (СЗО) за да се зајакне свесноста на граѓаните за потребата од засилена грижа за превенција на оваа болест.

Кон глобалната кампања се приклучуваат  општествено одговорни здравствени установи, кои во континуитет спроведуваат најразлични активности што имаат за цел да придонесат за унапредување на свесноста на граѓаните за поголема здравствена грижа,

Дијабетесот е хронично ,неизлечиво системско пореметување на метаболизмот, кое се карактеризира со хипергликемија, т.е. трајно зголемување на нивото на глукоза во крвта. Генерално е условен од наследни фактори, а настанува како последица на намалено излачување или намалено биолошко дејство на хормонот инсулин, односно во комбинација на овие два фактори. Тој недостаток ја попречува размената на јаглени хидрати, масти и белковини во организмот (што се манифестира со карактеристични тегоби), а по подолго време влијае и на структурата и функцијата на крвните садови, нервите и другите витални органи и органски системи.

Дијабетесот денес се вбројува меѓу најчестите ендокринолошки заболувања, со тенденција на зголемен пораст (особено во развиените земји на светот). Тоа е последица на модерниот стил на живот и зголемениот број на надворешни етиолошки предизвикувачи, меѓу кои посебно се издвојува претераниот вишок на килограми. Шеќерната болест најчесто се јавува во поодмината животна возраст како последица на општите дегенеративни и склеротични промени во организмот (кои го зафаќаат и панкреасот), а кај младите лица може да настане поради генетски пореметувања или оштетувања на панкреасот кај одредени заразни заболувања.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: