ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Денеска Велики Петок-Утре Благоец, а Прилепчани со духот на верата и традицијата!

597

За православните христијани ширум светот денеска е Велики петок, денот на Христовото страдање и најтажниот ден во христијанството, кога Исус Христос умрел и е распнат на крстот на Голготата.

На Велики петок се пости, на овој ден не се пее, не се весели, а од Велики чеврток, па се до Велигден кога Исус воскреснува, не ѕвонат црквените ѕвона во православните цркви.

Верниците денеска на Велики петок ги посетија православние храмови. Палеа свеќи,се молеа и го целиваа Плаштеникот, крстот и иконата каде е преставено распетието на Исус Христос.

Вчера, пак, на Велики четврток, се вацуваа црвени јајца, како симбол на црвената крв,која ја проела Спасителот за време на неговото измачување. Велигденската традиција околу Велигденските празници жените од Здружението „Преродба„  ја негуваат и им ја пренесуваат на младите.

 

„Според обичајот домаќинките прво вапсуваат три црвени јајца, уште пред изгрејсонце. Јајцата се ставаат на црвена подлога, на прозорец за да ги огрее првиот сончев зрак. Едно се оста ва  пред домашната икона, другото е  за имотот, а третото за Господ.Потоа со јајцето се капат децат и се триа лице  велејќи „Здраво, живо, бело дебело“- раскажува  Паре Макалоска, член на здружение „Преродба“.

„Сакаме да се зачува традицијата, но колку од тоа ќе успееме, останува на младите“,- вели претседатеот на здружението „Преродба“- Лилјана Ѓорѓиеска

Утре,пак,православните христијани ќе се подготвуваа за Велика сабота, и ќе го очекуваат Христовото Воскресение, на полноќ ! Утре, се слави и Благовештение, познат кај Прилепчани како „Благоец“, што е патрон празник на храмот „Свето Благовештение„; Утре, во црквата Свето Благовештение ,со утринската литургија ќе чиноначалствува Митрополитот Преспанско – пелагонсики и администратор Австралиско-Новозеланди г.Петар со свештениците од прилепското архиерејско намесништво.

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: