ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Децата, учениците и студентите на принуден распуст ?!

762

Комисијата за заразни болести на денешната седница донесе заклучоци со кои се прошируваат мерките за заштита од коронавирусот. Таа препорача сите училишта, факултети и градинки да бидат затворени во следните 14 дена.
Исто така препорака е да се забранат сите масовни собири на отворено, а сите спортски настани да бидат без публика.
Сите лица кои доаѓаат од високо и средноризични земји да бидат во самоизолација 14 дена.
Владата на денешната седница треба да ги усвои овие препораки од Комисијата за заразни болести.
Инаку, приватната гимназија „НОВА“ од Скопје од денеска ги пушти децата на распуст до 24 март, а истото важи и за градинката. Како што информираат родителите чии што деца учат таму, наставата ќе се одвива преку интернет.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: