ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

До 10 ти јуни учениците нема да се вратат во училишните клупи

480

До крајот на учебната година, наставата во основно и во средно образование учениците ќе ја следат онлајн. Ова значи дека учениците до 10 јуни нема да се вратат во училишните клупи.

Ова, го изјави министерот за образование и наука, Арбер Адеми, на прес-конференција, говорејќи за сетот образовни мерки коишто Владата ги донесе денеска на седница.

Државната матура, училишната матура и завршниот испит за оваа година се укинати, што значи дека учениците ќе добијат диплома за завршено средно образование со иста важност како и во претходните години.

На овој начин матурантите ќе можат да бараат работа или да го продолжат високото образование на факултетите.

Уписот на првачињата наместо во мај ќе почне во јуни, а списоците со запишани ученици училиштата ќе ги објават најдоцна до 15 јули.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: