ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

До 30 септември се ограничува маржата за леб, масло, шеќер, млеко, ориз, макарони

363

Владата на денешната седница донесе одлука за ограничување на маржата за некои од основните прехранбени продукти. Мерката ќе се применува од утре до 30 септември и тоа:  за бел леб сечен или цел, за бел шеќер и за сончогледово масло маржата во трговијата на големо и во трговијата на мало ќе биде до 5 отсто, за пченично брашно тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, бел ориз, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5% и  јајца од кокошка за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец  се утврдува трговска маржа во висина до 10% во трговијата на големо  и  до 10%  во трговијата на мало.

Со оваа Одлука за определување на највисока трговска маржа на основните прехранбени производи во трговијата на големо и на мало се ограничува растот на цените во наредниот период преку утврдување на висината на трговската маржа која треба да  влијание на растот на цените на мало на основните прехранбени производи.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: