ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Електро – машинци, ученици, се обучуваат во Комбинатот

781

Ученици од СОУ „Ристе Ристески – Ричко Прилеп“, обавуваат практична настава во Тутунски Kомбинат Прилеп. Соодветно на потребите на Комбинатот, пред еден месец, со пракса започнаа седум средношколци оддел електро-машински сектор.

Ваквиот чекор на Тутунски комбинат ги актуелизира помалку запоставените технички струки, што несомнено имаат големо значење за индустрискиот сектор, посебно на локално ниво. Со започнување на практичната настава за нашите ученици, продолжува соработката со ТКП. Реализацијата на практичната настава го зголемува и значењето на соработката која што добива вистинска вредност и директно се одразува на нашите ученици. Ја поттикнува мотивираноста на учениците, ги обучува во кадри кои во иднина може да бидат дел од колективот на фабриката и со тоа им отвора нови перспективи ”, вели Билјана Трајкоска, директор на средното училиште.

Соработката на компаниите со стручните училишта е од големо значење за локалниот бизнис сектор, а на таков начин ќе се вгради и унапредува потенцијалот на младите образовани кадри.

Како компанија ориентирана кон индустриски производни процеси, многу добро ја разбираме улогата на стручното образование и техничките кадри. Постојано имаме потреба од овие профили, со оглед дека Тутунски Kомбинат Прилеп со помош на Филип Морис помина процес на модернизација со што значително го зголеми производните стандарди и токму затоа имаме потреба од добро профилирани технички кадри со теоретски знаења кои ќе ги надградат со практична работа во современа компанија со модерни стандарди за работа. Ова е пример како треба да соработуваат индустрискиот сектор и образовните институции”, изјави Кире Станкоски, директор на ТКП.

Меморандумот за соработка меѓу компанијата Тутунски Комбинат Приле и СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ беше потпишан пред 2 години. Заедничката компанија на Филип Морис и Тутунски комбинат Прилеп, ФМТКП пред две години  во училишниот центар вложи 80 илјади долари во реновирањето на училниците за стручна настава и опремување со најсовремена опрема.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: