ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Енергетски ефикасното осветлување на Крушево му обезбеди големи заштеди

561

Општина Крушево заштеди над 2 милиони денари за улично осветлување во 2020 година. Општината е подобро осветлена со многу повеќе сијалични места и со побрза и ефикасна промена на сијалиците.

Заштедата од 2 363 863 денари се должи на поставувањето на нови сијалици кои се поекономични. На територија на општина Крушево во изминатите три години се поставени нови линии на осветлување, особено во населените места каде што на одредени места немало.

„Во изминатите 3 години го реконструиравме уличното советлување. Во центарот на Крушево, хотелската зона, „Гумење“ и други локации поставивме ЛЕД сијалици и со тоа придонесовме за заштита. Исто така, во населените места поставивме и нови линии на осветлување во должина од десетици метри. Тамошните жители конечно добија пристојно осветлување. Така што и покрај зголемениот број на сијалични места нудиме поквалитетна и брза услуга и плаќање над 2 милиони денари помалку.“, изјави градоначалникот на општина Крушево.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: