ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Фестивалот на мед – Медофест во Прилеп на 7 ми, 8 ми и 9 ти октомври

927

Фестивалот на мед и пчелните производи кој што традиционално се одржува пред Денот на народното востание годинава ќе се одржува три дена. Во организација на Пчеларското здружение Братство Прилеп, едно од најстарите здруженија на пчеларите во Македонија, во соработка со прилепската локална самоуправа  од утре 7 ми октомври, петок 8 ми октомври и сабота 9 ти октомври во центарот на Прилеп пред споменикот на Крали Марко ќе бидат изложени мед и други пчелни производи: матичен млеч, полен …, како и пчеларска опрема.

На саемот за мед, популарно наречен фестивал ќе се претстават членовите на прилепското здружение со своите продукти, симпатично и атрактивно спакувани, како и претставници од другите пчеларски здруженија од Македонија.

Фестивалот на мед и пчелните производи Медофест секоја година привлекува посетители заинтересирани за здравата храна, бидејќи познато е дека медот и производите од вредните пчели се најверните чувари на човековото здравје.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: