ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп го промовираше ајкос и во Македонија

1.251

Иновативниот уред IQOS (ајкос) кој направи револуција во тутунската индустрија од денеска е во продажба во Македонија.
IQOS е електронски уред кој го загрева, но не го гори тутунот. Бидејќи се избегнува процесот на согорување, при неговото користење се испушта до 95% помалку штетни состојки од оние кои се создаваат со пушењето. За негова употреба се користи специјално дизајниран несогорлив тутун, а при процесот на негово користење нема чад и пепел.
„IQOS е производ на кој Филип Морис работеше повеќе од една деценија. Резултат е на работата и посветеноста на над 400 врвни научници и експерти ангажирани од Филип Морис Интернешнл, а инвестирани се повеќе од 7 милијарди долари. Повеќе од 10 милиони возрасни пушачи во 53 земји во светот избраа да преминат од цигарите на овој производ. На овој начин се грижиме за создавање свет без чад, нудејќи им на возрасните пушачи подобар избор“, изјави Михаeл Солтер, генерален директор на Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп (ФМТКП) ДОО Скопје.

Од денес, IQOS може да се купи онлајн и да се најде во поголемите трговски центри во Скопје.

IQOS (ајкос) е нов, револуционерен начин на конзумирање тутун. Ова е прв и засега најразвиен изум  без тутунски чад. Со помош на овој електронски уред се загрева, а не гори тутунот, па со тоа нема огин, чад, катран или пепел. Електронскиот уред  го загрева тутунот до 350 степени, за да го ослободи својот вистински вкус.
Компанијата ФМТКП е заедничка компанија на Филип Морис Интернешнл и Тутунскиот Комбинат Прилеп основана во 2014 година.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: