ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ФК „Победа“ ќе ја добие ветената помош од Општина Прилеп

608

Најфудбалскиот град во Македонија сеуште е без градскиот стадион и дефинитивно до крајот на првенството ФК „Победа“ нема да заигра пред своја публика. Најавите се дека до втората половина од август годинава стадионот „Гоце Делчев“ ќе може да се стави во функција, иако тоа се најоптимистичките прогнози. Но, едно е јасно, во актуелната состојба потребна е подадена рака за опстанок во елитното друштво, а Општина Прилеп тоа што го вети и ќе го исполни, беше потенцирано од градоначалникот Илија Јованоски на денешната прес конференција во просториите на клубот.
„Она што го најавивме минатата година, дека од општинскиот буџет ќе бидат издвоени средства за фудбалскиот клуб „Победа“, тоа годинава го реализираме Општина Прилеп на фудбалерите на „Победа“ ќе им додели вкупно 1.720.000 денари. На играчите на ФК „Победа“ ќе им ги доделиме ветените 1.000.000 денари и уште 720.000 денари за првите 6 месеци од годинава, значи вкупно 1.720.000 денари, со надеж дека новата управа ќе собере сили да го издржи темпото и напорот за да опстанат во Првата фудбалска лига“, рече градоначалникот Јованоски.
Без поддршка од Општината, не може да опстои ниту еден клуб, потенцираше ВД претседателката на Победа Ирена Јакимоска.
„ Дефинитивно ниту еден клуб не би можел да издржи не само финансиски него поклучно е и поддршката што инфраструктурната, етичката и моралната сигурност во однос на опстојување на еден фудбалски клуб. Тоа што не можеме да играме дома предизвикува големо оптоварување за клубот финансиски, но што е уште поважно не можеме да ја вратиме еуфоријата на фудбалот и значењето на самата игра. Во последните две години ние постојано сме гости, иако се покажуваме како домаќини. Се надевам дека со поддршка на градоначалникот и комисијата ќе ги надминеме сите недоразбирања во однос на самата проекција на стадиниот и дека истиот би можел да се реализира барем теренот за да може наредната полусезона во август да може тука да се игра“, рече Јакимоска.

Навистина е тажна глетката на некогашниот жив споменик на спортот воопшто. Денес, градскиот стадион „Гоце Делчев“ наликува на руина, а според градоначалникот Јованоски станува збор за погрешно изработена проектна документација од страна на претходната гарнитура на локалната самоуправа. Поради низата неправилности во работењето, како и неизвршувањето на работите во договорениот рок од 90 дена, Општина Прилеп го раскина договорот со фирмата изведувач на работите и во тек е подготовка на нов тендер.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: